Дескоски: СЈО, Кочани и Митрев – треба да се првите чекори на Савески
Професорот по меѓународно право Тони Дескоски оцени дека првите чекори на јавниот обвинител Савески влеваат надеж дека тој би можел да се справи со наталожените проблеми во обвинителството, но предупреди дека пред него стојат три сериозни и краткорочни приоритети. Како најважен предизвик, Дескоски ја посочува Кочанската трагедија, која ја нарекува национална траума за која мора да има правда. Сепак, тој изразува сомнеж дека актуелното обвинение, какво што е поставено, може да донесе вистинска пр...