Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделката е однапред договорена?
Деновиве до Левица беа доставени низа обвинувања за незаконско работење на АД Водостопанство на Македонија. Повод за реакција на загрижени вработени е последниот Јавен повик, пуштен во средата (18 март), за продажба на наносен материјал – песок, чакал и камен од речното корито на Вардар, во Општина Неготино. Како што укажуваат свиркачите, повикот за кој понудите можат да се достават во рок од пет дена, намерно е објавен на само еден ден пред продолжениот викенд за да не може да се јават други на...