Филипче за неколку месеци се скара со сите, само со Заев не, вели ВМРО-ДПМНЕ
Најголемата црна кампања ја води СДС, Венко Филипче и Зоран Заев, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.„За неколку месеци Венко Филипче се скара со Јован Деспотовски, се скара со Костадин Костадинов, се скара со Петре Шилегов, со Костадин Ацевски, со Саша Богдановиќ, со медиуми и новинари како Драган Павловиќ Латас, Ивона Талевска, Бранко Героски, со Инфомаx, со Курир, со Алфа, со Нетпрес, со Пендаровски... само со Заев не се скара.Тоа е дното во кое тоне Филипче“, се вели во соопштението.