Советот ја укина суспензијата: Цветановски се враќа на функција – предметот за бонусите во СЈО повторно на разгледување
Јавниот обвинител Јован Цветановски повторно се враќа на работа во Вишото јавно обвинителство Скопје, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија. Одлуката е донесена по утврдени пропусти во постапувањето на првостепената дисциплинска комисија, а предметот против него е вратен на повторно разгледување. Цветановски беше дел од постапката поврзана со бонусите исплатени во поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), поради што и беше суспендиран. Тој и претходно...