Не ги оставајте на најлошото место: каде најбрзо се расипуваат велигденските јајца
Велики петок традиционално е денот кога во многу домови се варат и бојадисуваат велигденските јајца, а потоа најубавите завршуваат во кошничка или чинија – како украс на трпезата. Но токму по бојадисувањето најчесто се прави грешка во чувањето, која може да ја скрати свежината и да го зголеми ризикот од расипување.Иако изгледаат „цврсти“, лушпите на јајцата се порозни, со ситни отвори низ кои можат да навлезат кислород и микроорганизми. По варењето се намалува природната заштита што сировото јај...