(Видео) Камп приколка се преврте на Крчкиот мост во Хрватска
Силна бура предизвика сериозна сообраќајна несреќа на Крчкиот мост во Хрватска, откако камп-приколка се преврте и остана да виси на заштитната ограда, поради што мостот беше затворен за сите возила.Несреќата се случила околу 14:30 часот, кога возач на комбе со приколка ја игнорирал забраната за движење која важела за одредени категории возила, меѓу кои и возила со приколки. Во моментот на преминување, бурата дувала со брзина поголема од 140 километри на час, што довело до превртување на приколка...