Херојот од Кочани доби спомен-обележје: ги спасуваше повредените и почина по исцрпувачка ноќ
Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој несебично ги превезуваше повредените во трагичниот пожар во Кочани, е подигнато спомен-обележје како знак на благодарност за неговата пожртвуваност. Гоцевски почина по исцрпувачката работа, откако со часови непрекинато им помагаше на повредените.Долгогодишниот возач, во кобната ноќ беше меѓу првите што реагираа и направи повеќе возења, носејќи пациенти во тешка состојба и учествувајќи во координацијата на теренот. По завршувањето н...