УЈП тврди дека данокот за заработките од странство не е нов и дека мора да го наплатат
Управата за јавни приходи на брифинг со медиумите појасни дека оданочувањето на доходот остварен во странство не претставува нова обврска, туку примена на постоечки закон кој важи со години, во обид да се расчистат дилемите по реакциите во јавноста.Според УЈП, системот во државата функционира врз принцип на самооданочување, што значи дека граѓаните сами ги пријавуваат приходите, додека институцијата обезбедува контрола, поддршка и наплата. Особено е нагласено дека обврската за пријавување важи и...