Фатени девет лица алкохолизирани зад волан: акциска контрола во Скопје, 27 се казнети
Девет возачи биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол, едно лице е лишено од слобода, а вкупно 27 мерки се изречени во акциска контрола што ја спроведе Мобилната единица на МВР во Скопје.Контролата била реализирана во текот на ноќта меѓу 27 и 28 март, во периодот од 21:00 до 03:00 часот, на подрачјето на општините Илинден, Гази Баба и Кисела Вода, со акцент на санкционирање на возачи под дејство на алкохол.Вкупно биле алкотестирани 49 возачи, при што кај девет од нив било утв...