Пет ракети погодиле област кај аеродромот во Багдад, повредени пет лица
Пет ракети денеска погодиле подрачје во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, вклучувајќи објект што го користи американската амбасада, при што се повредени пет лица.Според нив, првата експлозија се слушнала околу 19 часот по локално време. Подоцнежната проценка покажала дека една ракета погодила објект за воздушна навигација во цивилниот дел од аеродромот, додека четири ракети паднале во рамките на комплексот Baghdad Diplomatic Support Center (BDSC), кој го користи американската амбасада...