Тајната на груби: дали се врати за да проговори?
Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчески, кој 36 години бил дел од Министерството за внатрешни работи, во емисијата „Претрес со Ландов“ изнесе сериозни тврдења поврзани со враќањето на поранешниот висок функционер на Демократска унија за интеграција, Артан Груби. Според Ѓурчески, враќањето на Груби во Македонија по повеќе од една година бегство може да значи дека тој е подготвен да соработува со институциите. „Неговото враќање значи дека е подготвен да соработува. Не се зачудив што се врати...