Иран предупредува: Ако САД испратат копнени сили, ги чека „нов Виетнам“.
Заменик министерот за надворешни работи на Иран, Саид Хатибзаде, предупреди дека САД би можеле да се соочат со „нов Виетнам“ доколку испратат копнени сили во конфликтот со Иран. Во разговор за Sky News од својот кабинет во Техеран, Хатибзаде рече дека Иран е подготвен да се бори колку што е потребно и дека земјата во моментов не се фокусира на дипломатско решение.Тој не ја исклучи можноста за преговори, но јасно порача дека иницијативата е на САД и нивните сојузници за да излезат со предлог што...