Венс: Нема договор со Иран, клучен проблем e нуклеарната програма од која не сакаат да се одречат
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс потврди дека преговорите меѓу САД и Иран во Исламабад завршиле без договор, по повеќе од 21 час интензивни разговори.„Лошата вест е дека не постигнавме договор. И мислам дека тоа е многу полошо за Иран отколку за САД“, изјави Венс, додавајќи дека американската делегација се враќа дома без резултат.Клучната точка на спорот, според него, останува нуклеарната програма на Техеран. Вашингтон барал јасна и недвосмислена обврска дека Иран нема да развива нуклеар...