Дејан Георгиевски доминираше во Скопје: Златен медал на меѓународниот таеквондо турнир
Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски, го освои златното одличје на меѓународниот турнир „Скопје Опен Г1“, кој се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Пред домашната публика, Георгиевски покажа врвна форма и доминација во својата категорија.На патот до златото, македонскиот шампион оствари четири убедливи победи: во првото коло го совлада Абдула Ал Магди од Австрија, во второто коло го победи актуелниот европски шампион Иван Шапина од Хрватска, во полуфиналето го совлада...