Повик за 43-от „Марш на ангелите“ во Виница
Во Виница за првпат ќе се одржи „Марш на ангелите“, посветен на 63-те жртви од трагедијата во Кочани што ја потресе јавноста.Организаторите најавија дека 43. „Марш на ангелите“ ќе се одржи во сабота, на 16 мај, со почеток од 17:05 часот, а собирот ќе започне во 16:45 часот на плоштадот „Ангел Винички“.„Маршираме затоа што зад бројката 63 стојат 63 прекинати животи, неостварени соништа, празни соби и семејства што засекогаш останаа без дел од себе“, стои во повикот.Организаторите посочуваат дека...