(Видео) Поројни дождови предизвикаа поплави во Турција: 12 лица хоспитализирани
Поројни дождови предизвикаа сериозни поплави во област во близина на турското црноморско крајбрежје, при што биле поплавени домови и деловни објекти, а водата носела автомобили низ улиците. Најмалку 12 лица биле хоспитализирани со полесни повреди, пренесе државната агенција „Анадолија“.Обилните врнежи доцна во вторникот предизвикале излевање на реките во округот Хавза, во провинцијата Самсун, по што надојдената вода се слевала низ улиците, носејќи возила и отпад.Според агенцијата, под вода остан...