МОК: Нема врвен резултат доколку спортот не е безбеден за сите негови учесници
Во рамки на конференцијата „Препознавање на родово базирано насилство и механизмите за заштита на жените во спортот“, Македонскиот Олимписки Комитет беше претставен од Елена Зисовска Апостолска, која во своето обраќање истакна дека безбедноста, достоинството и заштитата на сите спортисти се темелни вредности на Интернационалниот олимписки комитет и Олимписката повелба.Таа нагласи дека нема врвен и олимписки резултат доколку спортот не е безбеден за сите негови чинители, и дека Македонскиот Олим...