УХРМ: Утре сончево и топло, попладне можни поројни дождови, грмежи и појава на град
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХРМ предупредуваат дека на одделни места ќе има услови и за изолирано невреме со појава на град. Во четврток попладне и петок процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со услови за пој...