Донација од половина милион долари за четири болници – Струмичката болница добива современа опрема за мајки и новороденчиња
ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица е меѓу четирите регионални здравствени установи во државата што ќе добијат современа медицинска опрема во рамки на донација вредна околу половина милион американски долари, обезбедена преку партнерството меѓу Министерството за здравство и организацијата Project HOPE. Како што информираше министерот за здравство, Азир Алиу, опрема ќе биде распределена во болниците во Гостивар, Велес, Струмица и Струга. Само за болницата во Гостивар вредноста е околу 130 илјади дола...