Тошковски – Сјаојан: Продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството во областа на безбедноста
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Џианг Сјаојан, на која било разговарано за продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството во областа на безбедноста, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.На средбата било изразено взаемно задоволство од досегашната соработка, при што било оценето дека билатералните односи во делот на внатрешните работи бележат континуиран позитивен развој...