Трендафилов: Повеќе од половина од работниците во земјава со плата под 600 евра
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, во својата објава на социјалните мрежи соопшти дека околу 260.000 од вкупно 530.000 работници во 2025 година примаат плата под 600 евра.Според неговите податоци, тоа значи дека нешто над 50 отсто од вработените имаат месечни примања под нивото кое, како што посочува, било барано како минимална плата.Трендафилов отвори и прашање за реакцијата на работниците во однос на нивниот животен стандард, посочувајќи неколку можни из...