Скандал во армијата: кофа наместо туш, бубачки наместо оброк?!
Импровизирани тоалети и туш кабини, нехигиенски кујни и појава на бубачки во храната – ова се дел од условите во кои престојуваат припадниците на македонската Армија, особено професионалните војници. Со вакви обвинувања, поткрепени со фотографии и видео материјали, излезе Независниот синдикат на професионалните војници. Според синдикатот, со години не се преземаат доволно мерки за подобрување на условите во касарните. Тие објавија фотографии од импровизирани туш кабини, каде што на жица е закаче...