Ученик уби професорка пред училиште во Русија
Седумнаесетгодишен ученик со нож нападнал професорка пред училиште во градот Добријанка, во Пермска област во Русија. Жената подоцна починала од здобиените повреди.Нападот се случил утринава на влезот во Училиште број 5, соопштил гувернерот Дмитриј Махонин. Според него, тинејџерот ја избол професорката, која во критична состојба била пренесена во болница.На местото на настанот била испратена и екипа на итната медицинска помош од Перм. Напаѓачот е уапсен од полицијата, а во тек е криминалистичка...