СДСМ: Авион од 100 милиони евра, мерцедеси од 650.000, очила и часовници од над 60.000 евра – тоа е хистерија Мицкоски
Срамна и безобразна е изјавата на Мицкоски кој граѓаните и работниците кои едвај врзвуваат крај со крај и не можат да го прехранат своето семејство ги нарече хистерични, велат од опозициската СДСМ.„Над 200.000 работнички семејства живеат тешко, а Мицкоски ги прави хистерични.Со часовници од 60.000 евра, вредни колку 150 минимални плати, Мицкоски ги прави хистерични работниците затоа што бараат 600 евра плата.Не е хистерија да се бара достоинствена плата, тоа е борба за достоинствен живот, да мож...