Промоција на книга за струмичанецот Васил Рингов – „Фудбал под сенка“ ќе биде претставена во Скопје
Биографската книга „Фудбал под сенка“, посветена на легендарниот македонски фудбалер, струмичанецот Васил Рингов, ќе биде промовирана на 17 април (петок) во книжарницата Литература.мк во „Дајмонд мол“ во Скопје, со почеток во 20:00 часот. Автор на делото е новинарот Срѓан Ивановиќ, а книгата се објавува постхумно, неколку месеци по смртта на Рингов, кој активно учествувал во нејзината подготовка. Датумот на промоцијата симболично се совпаѓа со неговиот роденден. Изданието, објавено од Арс Либрис...