„ЗХГ“ против нов рудник кај Крстов Дол: Македонските власти се заинтересирани само за отварање на нови еколошки жаришта
Од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ обвинуваат дека најавите за можно обновување на рударските активности во Крстов Дол отвораат сериозни еколошки и здравствени ризици. Според нив, наместо санација на постојните загадувања, се туркаат нови проекти што би можеле дополнително да ја влошат состојбата со тешки метали и безбедноста на животната средина.„ВМРО повторно во рударска мисија. Малку е што сме втора најзагадена земја во Европа па Мицкоски поданички сака да дозволи ново труење во им...