Рубин од 11.000 карати откриен во Мјанмар
Медиумите во Мјанмар денеска објавија дека е откриен масивен рубин од 11.000 карати – еден од најголемите пронајдени во земјата од Југоисточна Азија, подрачје познато по овие скапоцени камења. Ископан од областа Могок на северот од земјата, „рубинот е исклучително голем, редок и тешко се наоѓа“, соопштија властите. -Џиновскиот рубин има црвеникаво-виолетова боја со жолтеникави нијанси и се смета за висококвалитетен. Иако е помал од сличниот рубин од 21.450 карати откриен во истата област во 1996...