Скопје: Протест на студенти Албанци од Македонија за правосудниот испит
Протестот заврши. Малку пораки, многу албански знамиња и по некои националистички извици. Протестот, на кој се бараше правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, заврши. Но, наместо пораки поврзани со образованието, најсилен впечаток оставија националните симболи и пронационалистички извикувања. Се вееја исклучиво бројни албански знамиња, а дел од учесниците извикуваа „УЧК“. [...]