Нов брз удар по џебот на граѓаните – горивата пак поскапеа.
Значително поскапување на горивата стапува на сила од ноќеска на полноќ, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за максималните малопродажни цени на нафтените деривати. Со оваа одлука, бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе се продаваат по повисоки цени, што претставува ново оптоварување за граѓаните и транспортниот сектор. Според новиот ценовник, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 [...]