novatv.mk
Дерала: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе
Џабир Дерала: Сè, зависи од тоа колку „работната група“ ќе го прочита сеопфатниот документ изработен од Работната група за измени на Изборниот законик, која беше формирана за време на мандатот на поранешниот министер за правда, Кренар Лога, а ја предводеше еден од најголемите авторитети во оваа област, Александар Новакоски. Невклучувањето на граѓанското општество не е само прескокнување [...]
Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче
Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно е дека не може. Вели дека не знае за изјавите на известувачот и европратеник Вајц и дека Извештајот е „комплетен антипод“ на она што навистина се случува. Вајц експлицитно вели дека не гледа сериозна посветеност на Владата за реформите, особено [...]
Како помина на тестот?
Соња Алексоска Неделковска: Шокот ми помина во гнев. Па, во овој наплив на емоции, од здравиот разум ми паѓа оваа мисла што ме прогонува откако син ми го започна школувањето. Родители, кога детето ќе се врати од школо, првото што го прашуваме е: Како помина на тестот? А дали некогаш прво сме прашале: Како ти [...]
НОВАтв.мк – Разговор со академик Катица Ќулавкова
Катица Ќулавкова e книжевен теоретичар, есеист, антологичар, критичар, универзитетски професор, поет и раскажувач, академик – редовен член на МАНУ. Член е и на Европската Академија на науките и уметностите. Нејзини поетски книги се преведени на повеќе јазици. На англиски, француски, италијански, руски, хрватски, српски, црногорски, романски, бугарски, албански, турски, португалски и на други. Добитник е на бројни престижни домашни и [...]
Додека градот работи – луѓето не смеат да страдаат
Денес е Светски ден за безбедност и здравје при работа – ден што потсетува дека работата не треба да чини живот. Овој ден, воспоставен од Меѓународната организација на трудот, има за цел да ја подигне свеста за спречување на повреди, болести и несреќи на работното место ширум светот. Но во градот, ова не е само [...]
СДСМ: Тероризмот е во крвта на ВМРО
На годишнината од бруталниот напад врз македонското Собрание, јасно и недвосмислено го повторуваме: тероризмот е во крвта на ВМРО! Истиот оној терористички менталитет којшто пред дваесет и две години стоеше зад атентатот врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, на 27 април 2017 година во Собранието се обиде да изврши убиство на демократски избраните [...]
Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија
Сапоро: Нов земјотрес беше регистриран во Јапонија, овој пат со магнитуда од 6,2 степени на островот Хокаидо, објави Германскиот истражувачки центар за геонауки, пренесе Би-би-си. Епицентарот е регистриран на длабочина од околу 80 километри, а во првите часови по потресот не се пријавени жртви или материјална штета. Хокаидо е најсеверниот остров во Јапонија и втор по [...]
Кога системот се распаѓа
Владеењето на правото, транспарентноста и институционалната независност не се само европски вредности – тие се закана за системи изградени врз контрола и клиентелизам. Затоа европската перспектива се одржува како реторика, но се саботира како реалност. Цената ја плаќаат граѓаните. Не апстрактно, туку конкретно, преку пад на животниот стандард, ерозија на јавните услуги и губење на [...]
Филипче за двојните државјанства: Оваа Влада ја водат луѓе со резервна татковина
Одговор на новинарско прашање на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче: Треба да се реши премиерот што и како кажува. Неговите пратеници поднесуваат предлог закон, а тој вели треба да се консултираат уставни експерти,еве сега наводно бил заинтересиран. На тој човек веќе едноставно ништо не може да му се верува. Оваа влада ја водат луѓе [...]
27-ми АПРИЛ 2017-та – еден ден …
Зоран Иванов: Еден ден, кога и да е, еден ден, Тие ВНАТРЕ, тие ИНСПИРИРАНИТЕ, ќе ги прашаат Овие НАДВОР, овие ИНСПИРАТОРИТЕ, ќе ги прашаат како тоа се случи ВИЕ да сте НАДВОР и како тоа се случи НИЕ да сме ВНАТРЕ?? Еден ден инспирираните ќе ги прашаат инспираторите. Еден ден!! Извор: Фејсбук
Центар го одбележа роденденот на Горан Стефановски
Општина Центар го одбележа роденденот на големиот македонски драмски автор Горан Стефановски, враќајќи го за миг неговиот дух и присуство во Дебар Маало. Настанот се одржа кај спомен-клупата посветена на бардот, а домаќин беше неговиот син Игор Стефановски, кој заедно со пријателите и блиските сподели спомени, сеќавања и анегдоти од животот на познатиот дебармаалец. На [...]
Иран нуди да го отвори Ормускиот теснец за Америка – сака две работи за возврат
Иран понуди да ја прекине контролата врз Ормускиот теснец во замена за укинување на блокадата на САД и прекинување на војната, сугерирајќи дека дискусиите за поширокото прашање за неговата нуклеарна програма ќе се одржат во подоцнежна фаза, изјавија денес двајца регионални функционери. Понудата им ја пренесоа на Американците пакистански дипломати, објави АП. Малку е веројатно [...]
Аман
Љупчо Зиков: Аман … двеста пати се најавува дека Универзална ке се гради и ке биде готова до 2028! Исто како и за паркингот кај државна болница … Имајте малку жал за чувствителната јавност што следи, гледа, чита и разбира, а не само да се води сметка за булументата што ве следи партиски (за сите [...]
Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, предупреди дека без уставни измени нема вистински преговори со ЕУ, а без реформи земјата ризикува 47 милиони евра од Планот за раст. Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, предупреди дека земјата може да изгуби 47 милиони евра од Планот за раст доколку не ги спроведе [...]
Москва: Средба Путин – Арагчи
Претседателот на Русија, Владимир Путин, и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска во Санкт Петербург се сретнаа со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Путин рече дека Русија се надева дека иранскиот народ ќе го надмине „тешкиот период“, како што самиот го опиша, и дека мирот на крајот ќе владее во земјата. [...]
Мерц: Украина можеби ќе мора да отстапи територија за патот кон ЕУ
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, денеска изјави дека Украина во евентуален иден мировен договор со Русија би можела да биде принудена да прифати губење на контрола врз дел од својата територија, директно поврзувајќи ги таквите отстапки со нејзините изгледи за членство во Европската унија. Во еден момент Украина ќе потпише договор за прекин на огнот, а [...]
СДСМ: 9 години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор 27 април е тежок, крвав потсетник колку лесно една криминална, недемократска власт може да ја втурне државата во провалија. 9 години од крвавиот 27 април, најцрниот ден во историјата на македонската демократија. Тоа беше организиран обид за државен удар, во режија на [...]
СДСМ: Младите се иселуваат, а лажните патриоти во Владата земаат бугарски пасош за ЕУ
Прес конференција на СДСМ, Петар Огњеновиќ – член на Извршен одбор: Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, ВМРО-ОКГ одбива да го усвои предлог законот со кој се забранува двојно државјанство за пратеници, членови на Влада и претставници на извршната власт. Зошто? Затоа што половина од нив веќе има бугарски пасоши. Министри, градоначалници, пратеници, директори на [...]
СДСМ: Да не се повтори!
9 години од крвавиот 27 април. Ден кој останува најтежок потсетник колку брзо една недемократска и криминална власт може да ја оттурне државата во провалија. Насилството во Собранието, крвавите пратеници, нападите врз новинари, ништо не смее да се заборави. Но, уште пострашно е што денес ги гледаме истите тенденции. Истата екипа. Истата банда. Истата криминална [...]
Досие / Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица
Од „отпишување“ до докази: Како политички и други актери во земја членка на НАТО ги злоупотребуваат механизмите на демократијата за да ги легитимираат руските освојувања. Случај: Горан Димов, негираниот „член сектора внешней политики партии Левые“ Џабир Дерала во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ) Она што започна како редовен дневен [...]
СДСМ: Сѐ уште нема мерки – граѓаните скапо плаќаат за економското дилетанство на Мицкоски
Граѓаните скапо плаќаат за економското дилетанство на Христијан Мицкоски и во политиката и во економијата. Додека цела Европа носи антикризни пакети и навремено реагира за заштита на животниот стандард, Владата предводена од Мицкоски не презема ништо. СДСМ веќе два месеци предлага конкретен пакет за заштита на граѓаните и економијата, велат од СДСМ. Владата селективно презеде [...]
Арагчи пристигна во Русија, ќе се сретне со Путин
Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, пристигна во Санкт Петербург рано утрово во понеделник, во официјална посета на Руската Федерација. За време на ова патување, тој треба да разговара со својот руски колега, Сергеј Лавров, и со рускиот претседател Владимир Путин.
„Непријатниот“ Брисел
Македонија никогаш досега немала министер за надворешни работи кој е толку невидлив, толку безгласен и толку ирелевантен на домашната и на меѓународната сцена. Во време кога дипломатијата треба да биде најгласна, нашата молчи. Во време кога државите ревносно се борат за својата позиција, нашата ја нема. Андреј Жерновски Неделава повторно простигнаа непријатни вести од Брисел. [...]