(ВИДЕО) Чад се издига на падините на планината Јабланица
Чад се издига на падините на планината Јабланица. Чадот е видлив дури до Охрид. Засега нема информации што гори.
Чад се издига на падините на планината Јабланица. Чадот е видлив дури до Охрид. Засега нема информации што гори.
Ве известуваме дека резултатите од денешните мерења се одлични. На мерно место Шум – 0.21 NTU Општа Болница Струга – 0.01 NTU Градинка Сонце – 0.01 NTU Завод за Нефрологија – 0.01 NTU Водата е со висок квалитет и ИСПРАВНА за пиење.
Овој светител пострада од Агарјаните во 1727 година. Како што пишува на кивотот во кој се чува неговата чесна глава, во тој период од нивното владеење, Агарјаните имаа свиреп обичај за време на тридневното празнување на празникот Рамазан насилно да приведуваат во својата исламска вера некои од поробените христијани. Во страв и трепет пред нивниот […]
На трибината во јули 2025 г. „Една година во здравството“ во Охрид од публиката дојде прашање/критика: зошто во нашата болница не се оперираат крајници? Денеска, со огромно задоволство можам да кажам: тоа се смени! Две операции на крајници успешно се извршени од доктори од Охрид, со прокторство (надзор и поддршка) од тимот на Клиниката за […]
Потребната сума за почетокот на лекувањето во висина од 208 000 евра се собрани од приватни средства на семејството и вашите донации, и лекувањето може да започне! Остануваат уште 45 000 евра кои ќе бидат потребни за операција по два месеци. За таа цел, и понатаму ќе останат отворени двете телефонски линии, сметката за донации […]
ПЗУ „Кардио Струга“ на 18 март ќе работи во хуманитарни цели. Имено средствата кои ќе бидат собрани во текот на денот ќе бидат донирани за Ева. Сите кои сакаат може да го закажат својот термин со попуст од 50% за оваа хуманитарна акација на тел: 070 270 315. Установата ќе работи од 8-18 часот.
Согласно проектираните активности во Програмата за работа за оперативната 2026 год., се реализираа активности за одржување на јавната чистота во селата Трпејца и Елшани (собирање расфрлан ситен отпад, метење на јавни површини и отстранување ниска вегетација од пешачки патеки) Темелно чистење на улиците:,,Димитар Влахов”, ,,Македонски Просветители” и ,,Партизанска”; Прво е спроведено метење на коловозните ленти […]
„Има помош, за живот без насилство“ е новата проектна активност што СВР Охрид отпочна да ја реализира на целото подрачје што го покрива. Проектот има превентивно-едукативен карактер а се спроведува со понагласени и интензивни контакти на полициските службеници од отсекот за превенција со граѓаните. Целта е нивно поблиско информирање за појавните почетни форми и манифестации […]
Денеска во попладневните часови се случила сообраќајна незгода со мотоцикл на улицата Аба Семин во Охрид. Според неофицијални информации, во незгодата нема повредени лица, а причинета е материјална штета. На местото на настанот интервенирала полиција која врши увид со цел да се утврдат околностите под кои се случила сообраќајката. Повеќе информации се очекуваат по завршувањето […]
Овој голем архипастир се роди во Солун од богати родители. Младоста до дваесет и петтата година ја проживеа во родниот град, а потоа го напушти родителскиот дом и светскиот живот и се оддалечи во египетската пустина. Под раководство на опитен духовник, младиот Порфириј таму се замонаши и мина пет години. Потоа ја посети Светата Земја […]
На државниот натпревар по математика, кој минатата сабота се одржа на Природно-математички факултет, ученикот Ахмед Сулејман постигна извонреден успех и го освои првото место, освојувајќи максимални 100 поени. Негова менторка е професорката Александра Томоска, под чие водство Ахмед успешно го развива својот талент за математика. Овој значаен успех е резултат на долгогодишна посветеност и љубов […]
Во селото Мислешево на 15 март 2026 година, на празникот Крстопоклона Недела ќе се одржи свечен чин на осветување и поставување на камбанарискиот крст на новата камбанарија. Чинот на осветување ќе го изврши митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, а настанот ќе започне во 11:30 часот. Од црквата упатуваат покана до сите верници да присуствуваат и да […]
Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, Црвен крст Охрид, почнувајќи од 13 март 2026 година (петок), ќе нуди бесплатно психолошко советување. Советувањето ќе се одвива во просториите на Црвен крст Охрид, секој петок, од 9 до 12 часот, со претходно закажување. Заинтересираните лица, можат да закажат термин на телефонскиот број 070 729 615. Советувањето ќе […]
Минатата 2025 беше плодна за НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. Реалзирани беа над 30 проекти како дел од Годишната програма за работа финансирана од страна на Министерството за култура и туризам . Главен настан беше враќањето на Пчињското евангелие кое датира од крајот на 16 век во Библиотеката. Тоа до октомври 2025 беше на […]
На 09.03.2026 во 19:50 часот во струшкото село Враништа, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга го лишија од слобода лице на (28) од истото село. При контрола на регионалниот пат Враништа-Струга, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и притоа, констатирале дека немал положен […]
На 09.03.2026 во 22:25 часот на улицата „Енгелсова“ во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода лице на (26) од Струга. При извршен преглед кај него, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.03.2026 во СВР Охрид е пријавено дека две лица во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувале кон нивната снаа и физички ја напаѓале. Во соработка со Центарот за социјални работи од Охрид, по целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Поради две одделни интервенции на водоводната мрежа , денес од 09:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Кленоец “, „Српница“ и „Прилепска“
Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно го напушти престолот, отиде во манастир и прими схима. Тогаш владееја Ирина и Константин. Според советот на Павле, царскиот советник и сенатор Тарасиј беше избран за патријарх, во 783 година. Брзо ги помина сите црковни чинови и стана патријарх. Човек со високо образование и голема ревност во православната вера. Овој […]
Вчера (08.03.2026), отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, по повод Меѓународниот празник на жената 8 Mарт, на припадничките на понежниот пол – учеснички во сообраќајот им подарија цвеќе, пригоден сет подароци и маички со логото „ 8 Mарт-вози одговорно“, како и летоци со практични […]