„Партијата се испразни“ – Шилегов со порака до раководството на СДСМ
Поранешниот функционер на СДСМ и ексградоначалник на Скопје, Петре Шилегов, најави дека наскоро поголема група членови на партијата ќе побара оставка од актуелното раководство на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ). Во гостување во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител телевизија, Шилегов изјави дека партијата, според него, во моментов е „кадровски испразнета“ и дека е потребен нов пристап во нејзиното раководење. – Ќе се обидеме да дојдеме до здрава политичка логика и да ги за...