Вински фестивал во Битола: Три дена вино, музика и добра атмосфера
Фестивал посветен на виното, музиката и урбаното дружење ќе се одржи од 7 до 9 мај на платото пред Офицерски дом во Битола. Првиот ден на Винскиот Фестивал во Битола е резервиран за првото наздравување. Фестивалската програма започнува на 7 мај со настап на резидент диџеј, по што следуваат „B52“, „Пауза за ракија“ и диџеј Александар Јорданов. Вториот ден е за оние, како што велат организаторите, кои знаат дека најдоброто вино во Битола е она што се пие во добро друштво. На 8 мај ќе настапат рези...