Тендерска постапка за изградба на гасовод меѓу Македонија и Србија
Номагас, акционерско друштво во државна сопственост за пренос на природен гас, наскоро ќе отвори тендер за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект е дел од стратегијата за диверзификација на енергетските извори и намалување на зависноста од еден снабдувач. Според Номагас, проектот е организиран во јасни фази, а досегашната институционална и техничка координација создава солидна основа за следните чекори. Двете компании, Номагас и Србијага...