Судот ѝ зададе тежок удар на Блејк Лајвли: отфрлени 10 од 13 точки во тужбата против Џастин Балдони
Правната битка меѓу актерката Блејк Лајвли и нејзиниот колега Џастин Балдони доби нов, неповолен пресврт за Лајвли, откако надлежен суд во САД отфрли поголем дел од нејзините барања. Со одлуката, од вкупно 13 точки во тужбата, судот отфрли 10, оставајќи само три основи по кои постапката ќе продолжи.Одлуката ја донел американски окружен судија Луис Џ. Лајман, кој оценил дека повеќе тврдења не се доволно поткрепени со правен основ за да одат понатаму. Меѓу отфрлените се и делови поврзани со вознем...