Најстудено утрово на Попова Шапка – измерени -2 степени
Утрово најниска температура во земјава е измерена на Попова Шапка, каде живата во термометарот се спушти до -2 степени. Нула степени се измерени во Лазарополе и Маврови Анови, како и во Претор, додека 1 степен е регистриран во Охрид, Берово, Крушево и Ѓуриште.Во останатите делови од државата температурите се движеле од 2 до 9 степени, при што најтопло било во Гевгелија со измерени 9 степени. Во Скопје утрово се измерени 6 степени на мерните места Петровец и Зајчев Рид.Во изминатите 24 часа најмн...