Северна Кореја лансираше десет балистички ракети кон Јапонското Море

Северна Кореја лансираше околу десет балистички ракети кон Источното, односно Јапонското Море, во демонстрација на сила во време кога САД и Јужна Кореја ги одржуваат годишните пролетни воени вежби „Штит на слободата“.Според јужнокорејската војска, ракетите биле лансирани од област во близина на главниот град Пјонгјанг. Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека проектилите паднале надвор од јапонската ексклузивна економска зона, пренесува агенцијата Асошиејтед прес.Здружениот штаб на Јужна...

пред 1 месец | 3
skopje1.mk

Северна Кореја лансираше десет балистички ракети кон Јапонското Море


Сподели преку

Сончево со мала облачност, попладне можен слаб дожд

Сончево време со мала до умерена облачност се очекува денеска во земјава, со услови за слаб локален дожд во попладневните часови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.Претпладне во одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од 12 до 19 степени.Утринава најниска температура од -4 степени е измерена во Берово, -2 во Маврови Анови, а -1 степен во Крива Паланка, Битола и на Попова Шапка. Ну...

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

Сончево со мала облачност, попладне можен слаб дожд


Сподели преку

Пентагон: Не грижете се, Ормускиот теснец нема да остане затворен

Високи претставници на Пентагон порачаа дека САД ќе се спротивстават на обидите на Иран да го претвори Ормускиот теснец во опасно тесно грло за светското снабдување со нафта.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека нема потреба од загриженост и дека Вашингтон нема да дозволи овој клучен морски премин да остане блокиран.„Тоа е нешто со кое се занимаваме и не треба да се грижите“, изјави Хегсет на брифинг во Пентагон.Тој нагласи дека во моментов главната причина за нарушениот помор...

пред 1 месец | 3
skopje1.mk

Пентагон: Не грижете се, Ормускиот теснец нема да остане затворен


Сподели преку

Аналитичар: Нападот на САД врз островот Харг означува премин кон економска војна

Нападот на САД врз иранскиот остров Харг укажува на промена во природата на конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран – од директни воени удари кон економска војна, оценува Заидон Алкинани, предавач по политика на Блискиот Исток на Универзитетот „Џорџтаун“ во Катар.Во изјава за „Ал Џезира“, Алкинани посочи дека последните две недели од конфликтот веќе имаат сериозни економски последици, а нападот врз Харг дополнително ја нагласува таа димензија.„Економските импликации и последици од конфликтот во изми...

пред 1 месец | 3
skopje1.mk

Аналитичар: Нападот на САД врз островот Харг означува премин кон економска војна


Сподели преку

(Видео) Од 100 килограми до фит форма: Бојан Стојков откри како ја направил трансформацијата

Пејачот Бојан Стојков, кого публиката го памети од музичкото шоу „Идол“, гостуваше во емисијата „Нешто конкретно“, каде искрено зборуваше за својата голема физичка трансформација.Стојков откри дека уште од детството се борел со вишок килограми и дека во еден период достигнал и до 100 килограми. Неговите навики во исхраната, како што призна, биле екстремни – знаел на еден оброк да изеде и до 100 ќебапи и три кременадли.„Од секогаш бев дебело дете. На сцена бев статичен, а денес можам да им парира...

пред 1 месец | 3
skopje1.mk

(Видео) Од 100 килограми до фит форма: Бојан Стојков откри како ја направил трансформацијата


Сподели преку

Најмалку 12 медицински работници загинаа во израелски напад во јужен Либан

Во израелски воздушен напад врз здравствен центар во јужен Либан загинале најмалку 12 медицински работници, меѓу кои лекари и медицински сестри, соопшти либанското Министерство за здравство.Нападот се случил во текот на ноќта во градот Бурџ Калавија, каде бил погоден главниот здравствен центар во тој регион, пренесува Би-би-си повикувајќи се на либанските власти.Ова е последен во низата израелски напади во Либан, откако регионалниот конфликт меѓу Иран, Израел и САД ескалираше на почетокот на мар...

пред 1 месец | 3
skopje1.mk

Најмалку 12 медицински работници загинаа во израелски напад во јужен Либан


Сподели преку

Без бесконечно скролање: апликација нуди ТВ-искуство на Јутјуб

Програмерот Стивен Ирби разви веб-апликација наречена „Ченел Сурфер“, која нуди поинаков начин на користење на платформата Јутјуб. Наместо бесконечно пребарување и алгоритамски препораки, апликацијата функционира слично како класична кабелска телевизија.Корисниците можат едноставно да „префрлаат канали“ и да се вклучат во видео кое веќе се емитува, како кај традиционалната телевизија.Во почетната верзија има околу 40 тематски канали, кои опфаќаат области како вести, спорт, музика, игри, технолог...

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

Без бесконечно скролање: апликација нуди ТВ-искуство на Јутјуб


Сподели преку

Експлозија во еврејско училиште во Амстердам

Експлозија утринава оштетила еврејско училиште во Амстердам, а градоначалничката на градот Фемке Халсема го оцени настанот како намерен напад врз еврејската заедница, пренесува холандската новинска агенција АНП.Експлозијата се случила во училиште лоцирано во луксузна станбена населба на јужниот дел од Амстердам. Според локалните власти, причинета е материјална штета, а полицијата и противпожарните служби брзо пристигнале на местото на настанот.Во инцидентот нема повредени лица.Безбедноста во син...

пред 1 месец | 3
skopje1.mk

Експлозија во еврејско училиште во Амстердам


Сподели преку

Литургија и парастос во Кочани, конференција во Скопје: почнува одбележувањето на годишнината од трагедијата во „Пулс“

Денеска ќе се одбележи годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Планирани се повеќе настани во организација на семејствата на загинатите, Општина Кочани и Владата.Во Кочани ќе се одржи литургија, па парастос за упокоените. Од храмот „Георгиј Победоносец“, родителите ќе одат на вечните почивалишта на загинатите деца.Паралелно со настаните во Кочани, во Скопје ќе се одржи меѓународна конференција посветена...

пред 1 месец | 3
skopje1.mk

Литургија и парастос во Кочани, конференција во Скопје: почнува одбележувањето на годишнината од трагедијата во „Пулс“


Сподели преку

Аналитичар: Нападот на Трамп врз иранскиот остров Харг е „потег од очај“

Американскиот претседател Доналд Трамп наредил бомбардирање на иранскиот остров Харг „од очај“, смета Роберт Пејп, професор по политички науки на Универзитетот во Чикаго.Во изјава за „Ал Џезира“, Пејп оцени дека Трамп се обидува повторно да ја преземе контролата врз ситуацијата, која, според него, се влошува од ден на ден.„Тешко е да се влезе во нечии мисли, а особено во мислите на Доналд Трамп. Но мислам дека тој се обидува да ја врати контролата врз ситуацијата која ја губи од час во час, од д...

пред 1 месец | 3
skopje1.mk

Аналитичар: Нападот на Трамп врз иранскиот остров Харг е „потег од очај“


Сподели преку

Ракетни напади врз северен Израел: Хезболах со нови тврдења

Хезболах соопшти дека извршил серија напади врз израелски цели и израелски војници долж границата меѓу Либан и Израел.Либанската вооружена група тврди дека лансирала бараж ракети кон израелскиот град Кирјат Шмона, кој се наоѓа во близина на границата со Либан, како и два бранa напади врз градот Метулa во северен Израел.Според нивното соопштение, бил извршен и ракетен напад врз воената база Еин Зеитим во близина на израелскиот град Сафед.Хезболах исто така тврди дека двапати ги таргетирал израелс...

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

Ракетни напади врз северен Израел: Хезболах со нови тврдења


Сподели преку

Загинаа 104 морнари на ирански воен брод, Иран се закани со одмазда

Командантот на иранската армија, Амир Хатами, изјави дека смртоносниот напад врз иранскиот воен брод „IRIS Dena“ во Индискиот Океан нема да остане без одговор.Според иранската државна новинска агенција ИРНА, во нападот загинале 104 членови на екипажот на еден од најновите ирански воени бродови. Бродот се враќал во Иран по завршена воена вежба кога бил нападнат.Хатами изјавил дека екипажот на разурнувачот „Дена“ извршувал мирна мисија и бил цел на напад додека се враќал дома, иако не бил вклучен...

пред 1 месец | 3
skopje1.mk

Загинаа 104 морнари на ирански воен брод, Иран се закани со одмазда


Сподели преку

(Видео) Груби е подготвен да го предаде Ахмети, да биде сведок, па да му го променат идентитетот, вели ексначалникот од МВР

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчески, во „Претрес со Ландов“ изјави дека постои можност поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде искористен како заштитен сведок. Според него, Груби е подготвен да го предаде и Али Ахмети.Во разговор, Ѓурчески рече дека не би се изненадил доколку Груби реши да соработува со истражните органи.„Поентата е дали тој може да биде искористен како заштитен сведок“, изјави Ѓурчески, додавајќи дека лично очекува такво сценарио.Според него, Груби можеби би бил п...

пред 1 месец | 3
skopje1.mk

(Видео) Груби е подготвен да го предаде Ахмети, да биде сведок, па да му го променат идентитетот, вели ексначалникот од МВР


Сподели преку

(Видео) Ракетен напад врз американската амбасада во Багдад

Американската амбасада во главниот град на Ирак, Багдад, била погодена во ракетен напад, изјавиле утрово ирачки безбедносни извори за агенцијата Ројтерс.Засега нема информации за евентуални жртви или за материјална штета, а околностите околу нападот се уште се нејасни.Ирачките безбедносни служби започнале истрага за инцидентот, додека се очекуваат дополнителни детали од властите и од американската страна.

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

(Видео) Ракетен напад врз американската амбасада во Багдад


Сподели преку

Катар евакуираше делови од Доха

Катарските власти рано утрово евакуираа делови од округот Мшеиреб во главниот град Доха, област во која се наоѓаат владини институции и канцеларии на меѓународни компании, меѓу кои и канцеларија на „Гугл“, јавуваат сведоци.Според нив, евакуирани биле и делови од градот во кои се наоѓаат филијали на шест американски универзитети.Од катарското Министерство за внатрешни работи соопштија дека властите наредиле евакуација на „одредени области“ како привремена мерка на претпазливост, без да откријат п...

пред 1 месец | 6
skopje1.mk

Катар евакуираше делови од Доха


Сподели преку

Ескалираат тензиите меѓу Пакистан и Авганистан

Тензиите меѓу Пакистан и Авганистан се зголемуваат, додека Кина ги повика двете земји да ги решат спорните прашања преку дијалог и консултации, а не со употреба на сила.Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, во телефонски разговор со својот авганистански колега Амир Кан Мутаки порача дека е неопходно двете страни да покажат воздржаност и да започнат директни разговори што е можно побрзо.Според соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг ги повикал Пакистан и Авга...

пред 1 месец | 5
skopje1.mk

Ескалираат тензиите меѓу Пакистан и Авганистан


Сподели преку

Иран ја погоди „Ахиловата пета“ на светската економија: Хормушкиот теснец во центарот на кризата

Иран, според аналитичарите, ја пронашол „Ахиловата пета“ на глобалната економија – Хормушкиот теснец, клучниот поморски коридор низ кој минува значителен дел од светската трговија со нафта.Командантот на иранската Револуционерна гарда, Хусеин Салами, изјави дека низ теснецот „нема да помине ни литар нафта“ додека Техеран не одлучи поинаку, што се толкува како директна закана за глобалното снабдување со енергија.Судирот меѓу Иран, САД и Израел од самиот почеток има и силна енергетска димензија. В...

пред 1 месец | 3
skopje1.mk

Иран ја погоди „Ахиловата пета“ на светската економија: Хормушкиот теснец во центарот на кризата


Сподели преку

Руски напади во три региони на Украина: има загинати и повредени

Во руско гранатирање во југоисточниот украински регион Дњепропетровск загинало едно лице, а шестмина се повредени, додека жртви има и во регионите Запорижје и Белгород, соопштија локалните власти.Шефот на воената администрација на Дњепропетровската област, Олександр Ганжа, преку Телеграм информира дека руските сили нападнале две локации во регионот, при што има загинати и повредени.Напад бил регистриран и во југоисточниот регион Запорижје. Гувернерот Иван Федоров соопшти дека четири лица се повр...

пред 1 месец | 3
skopje1.mk

Руски напади во три региони на Украина: има загинати и повредени


Сподели преку

Осумнаесетгодишна возачка осудена на 14 месеци во воспитна установа откако со брзо возење усмрти двајца пријатели

Осумнаесетгодишна возачка од Велика Британија е осудена на 14 месеци престој во воспитна установа за млади, откако предизвика сообраќајна несреќа во која загинаа двајца нејзини пријатели.Медлин Лонсдејл во јуни минатата година управувала автомобил со брзина до 160 километри на час, по што изгубила контрола и удрила во дрво. Во несреќата на местото на настанот загинале нејзините сопатници, 18-годишниот Харисон Картер и 17-годишниот Џорџ Стивенсон.Несреќата се случила на 20 јуни минатата година во...

пред 1 месец | 3
skopje1.mk

Осумнаесетгодишна возачка осудена на 14 месеци во воспитна установа откако со брзо возење усмрти двајца пријатели


Сподели преку

Стојаноски: Усогласување на минимална плата ќе се изврши преку социјален дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите

„Минималната плата ќе порасне така како што ќе се договарат работодавачите и работниците, со оглед на тоа дека Владата во овој дијалог ги има испочитувано во крај своите права или обврски кон оние на коишто е работодавач, бидејќи 99% од државната управа има склучено колективни договори со Владата“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија.Стојаноски нагласи дека усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши...

пред 1 месец | 3
skopje1.mk

Стојаноски: Усогласување на минимална плата ќе се изврши преку социјален дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите


Сподели преку

Бразил воведе високи царини за извоз на нафта и дизел за да ги намали цените на домашниот пазар

Владата на Луиз Инасио Лула да Силва воведе нови царини за извоз на нафта и дизел со цел да обезбеди доволни количини гориво на домашниот пазар и да ги намали трошоците за земјоделците во услови на раст на цените на енергенсите на светските пазари.Според одлуката, Бразил воведе царина од 50 проценти за извоз на дизел и 12 проценти за извоз на нафта. Во исто време, федералните давачки PIS и Cofins за дизел се намалени на нула. Владата смета дека со овие мерки ќе се ублажи притисокот врз цените на...

пред 1 месец | 3
skopje1.mk

Бразил воведе високи царини за извоз на нафта и дизел за да ги намали цените на домашниот пазар


Сподели преку

Вучиќ: Во Хрватска настана хистерија поради една ракета, другите не ги ни видоа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го посети селото Раниловиќ во општина Аранѓеловац, каде што разговараше со жителите кои го пречекаа со аплауз и овации, а за време на посетата се обрати и пред медиумите.Тој, меѓу другото, ги коментираше реакциите од Хрватска поради кинеските хиперсонични квази-балистички ракети CM-400, кои наводно се забележани на српските борбени авиони „Миг“ и за кои српските таблоиди тврдат дека имаат дострел до 400 километри, нарекувајќи ги „Загрепчанки“.„Во Хрватс...

пред 1 месец | 3
skopje1.mk

Вучиќ: Во Хрватска настана хистерија поради една ракета, другите не ги ни видоа


Сподели преку

Див вепар три часа шетал низ трговски центар во Берлин, полицијата го истерувала со штитови

Купувачите во еден трговски центар во Берлин утрово доживеале необична сцена кога лице в лице се нашле со див вепар кој талкал низ објектот, по што полицијата привремено го затворила центарот.Инцидентот се случил во трговскиот центар „Аленде центар“ во населбата Кепеник, во југоисточниот дел на германската престолнина. Полицијата интервенирала за да го извлече животното од објектот, користејќи палети и штитови за контрола на нереди, со кои се обиделе да го насочат вепарот кон излезот.На местото...

пред 1 месец | 3
skopje1.mk

Див вепар три часа шетал низ трговски центар во Берлин, полицијата го истерувала со штитови


Сподели преку

Фотографијата од Тирана отвори нови тензии во ВЛЕН: Лимани објаснува, Касами најавува преиспитување

Министерот Фатмир Лимани даде објаснување по реакциите во ВЛЕН откако на социјалните мрежи се појави фотографија на која е заедно со лидерите на ДУИ и на АА, Али Ахмети и Арбен Таравари, на ифтар организиран од албанскиот премиер Еди Рама во Тирана.Лимани тврди дека распоредот на гостите го одредил домаќинот, додавајќи дека присуството на заедничка трпеза не значи политичка порака.„На трпеза за добредојде не се оди за политички калкулации или за нарушување на атмосферата, туку за да се почитуваа...

пред 1 месец | 3
skopje1.mk

Фотографијата од Тирана отвори нови тензии во ВЛЕН: Лимани објаснува, Касами најавува преиспитување


Сподели преку