Украинец обвинет за перење пари, криел 500.000 евра на граница во Хрватска
Општинското државно обвинителство во Дубровник поднесе обвинение против 24-годишен украински државјанин, осомничен за перење пари, откако кај него биле пронајдени скриени 500.000 евра.Според обвинителството, Украинецот на 13 февруари на граничниот премин Карасовиќи не пријавил на царинската контрола дека пренесува голема сума пари, кои ги криел во својот автомобил.Парите биле откриени и одземени од царинските службеници, со што бил спречен обидот за нелегален пренос на средствата.На предлог на о...