(Видео) Вознемирувачки снимки во Белград: Со автомобил влета меѓу студенти за време на 16-минутниот молк за загинатите
За време на денешниот 16-минутен молк пред Правниот факултет во Белград, дошло до сериозен инцидент кога возач со автомобил насилно се обидел да помине низ крстосницата која била блокирана од студенти и граѓани. Возачот физички нападнал студент, а потоа со возилото удрил и постар човек.Според сведочењата на студентите, настанала вистинска драма и паника меѓу присутните. Во хаосот било искршено задното стакло од автомобилот, по што возачот со голема брзина се обидел да избега. Граѓани и студенти...