Затвореник од Идризово фатен со марихуана за време на викенд-отсуство
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес вчера лишиле од слобода 43-годишен велешанец кај кого била пронајдена марихуана, информираа од Министерството за внатрешни работи.Според МВР, на 9 мај 2026 година околу 15:30 часот во Велес бил приведен Ѓ.К. (43) од Велес, откако при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.При преземените мерки и проверки било утврдено дека лицето издржува затворска казна во траење од пет години и 10 месеци во Казнено-поправната уст...