САД и Ватикан ја зајакнуваат соработката по состанокот на Рубио и папата Лав XIV
Американскиот државен секретар Марко Рубио и папата Лав XIV разговараа во Ватикан за ситуацијата на Блискиот Исток и за прашања од заеднички интерес на западната хемисфера, соопшти американскиот Стејт департмент.Во краткото соопштение се наведува дека средбата ја потврдила „силната врска“ меѓу САД и Светата Столица, како и заедничката посветеност на промовирање мир и човечко достоинство.Според новинарите кои ја следеле посетата, Рубио во Апостолската палата поминал повеќе од два часа, иако не е...