Медицински подвиг во Кина: За првпат пресадени црн дроб и бубрези од генетски модифицирана свиња
Кинески лекари изведоа историски медицински зафат, откако за првпат во светот пресадија два бубрега и цел црн дроб од генетски модифицирана свиња на човек со потврдена мозочна смрт.Станува збор за 53-годишен пациент, кај кого функцијата на трансплантираните органи била одржувана речиси пет дена, со согласност на неговото семејство. Според студијата објавена во научното списание „Med“, во првите 24 часа не биле забележани знаци на отфрлање на органите.Повеќето досегашни ксенотрансплантации – тран...