Без возачка дозвола зад волан и на мотор – четири приведувања за еден ден
Полициски службеници од Битола и Прилеп во текот на вчерашниот ден лишиле од слобода четири лица кои биле затекнати како управуваат моторни возила без да поседуваат возачка дозвола.Како што информира Министерството за внатрешни работи, првото приведување било извршено во 15:30 часот на улицата „Генерал Васко Карангелески“ во Прилеп. Полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле Џ. Р. (26) од Прилеп, кој управувал мотоцикл „Хамачи“ со битолски регистарски ознаки, без да поседува возачка дозвола.П...