(Видео) Повторно пожар на депонија во Куманово, проблемот трае со години

На депонијата Краста кај Куманово синоќа околу 20 часот повторно избувнал пожар, а денеска на терен се екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ со механизација, се наведува во информациите од терен.Од еколошката организација „Еко Пчиња“ соопштуваат дека пожарот бил забележан од стражарската служба, по што реагирале и побарале итна интервенција од надлежните институции. Тие посочуваат дека, според нив, не станува збор за изолиран инцидент, туку за системски и долготраен проблем.Во нивната реакција се нав...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

(Видео) Повторно пожар на депонија во Куманово, проблемот трае со години


Сподели преку

„Пуштаа малолетници“ – потресно сведочење од рочиштето за „Пулс“

Сведокот Ана Захариева, која кобната вечер била гостинка во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на денешното рочиште изјави дека во објектот имало голем број посетители, меѓу кои и малолетници, како и дека пиротехнички ефекти се користеле и на претходни настани.Таа во своето сведочење наведе дека во дискотеката одела речиси секој викенд уште од својата 17–18-годишна возраст, а вечерта на пожарот пристигнала околу полноќ. Според нејзините тврдења, непосредно пред избувнувањето на пожарот имало полициск...

пред 2 месеци | 29
skopje1.mk

„Пуштаа малолетници“ – потресно сведочење од рочиштето за „Пулс“


Сподели преку

Израелски министер се извини по инцидент со оштетување на кип на Исус во Либан

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар го осуди постапок на израелски војник кој оштетил кип на Исус во јужен Либан, оценувајќи го како „срамно дело“ и упати јавно извинување.Фотографија од инцидентот, објавена од либански новинар на социјалните мрежи, подоцна била потврдена како автентична од Израелски одбранбени сили. На неа се гледа војник кој со чекан го удира и оштетува религиозниот споменик.Израелската армија соопшти дека ќе соработува со локалната заедница за обновување на...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

Израелски министер се извини по инцидент со оштетување на кип на Исус во Либан


Сподели преку

УЈП: Истече рокот за даноците за 2025 - платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади

Управата за јавни приходи информира дека на 16 април истекол законскиот рок за плаќање на разликите по годишните даночни биланси за 2025 година и апелира до сите обврзници кои сè уште не извршиле уплата тоа да го сторат без одлагање, како што се наведува во соопштението.Како што информира УЈП, навременото подмирување на даночните обврски е важно за стабилноста на јавните финансии и непречено функционирање на јавните услуги, додека доцнењето, според нив, повлекува зголемување на долгот поради кам...

пред 2 месеци | 7
skopje1.mk

УЈП: Истече рокот за даноците за 2025 - платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади


Сподели преку

Средба Муцунски – Шакалиев: Фокус на економска соработка со Казахстан

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој престојува во работна посета на земјата заедно со бизнис-делегација, се наведува во соопштението од Министерството.Како што информираат од Министерството, на средбата двајцата министри оцениле дека посетата претставува потврда за интензивирање на билатералните односи и изразиле подготвеност за нивно понатамошно продлабочу...

пред 2 месеци | 23
skopje1.mk

Средба Муцунски – Шакалиев: Фокус на економска соработка со Казахстан


Сподели преку

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска :Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

На прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, изнесе ставови за економската состојба во земјата и политиките на Владата, при што, како што се наведува во партиското соопштение, се критикуваат најавите за „трета економија во Европа“.Од СДСМ, како што беше истакнато на прес-конференцијата, оценија дека граѓаните се соочуваат со зголемени цени и намален животен стандард, при што тврдат дека секојдневието за домаќинствата е отежнато поради поскапувања на основните производи и стагна...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска :Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа


Сподели преку

Иран 52 дена без интернет

Иран без интернет веќе 52 дена, ограничувањата продолжуваат.Организацијата NetBlocks, која го следи функционирањето на интернет-мрежите во светот, соопшти дека прекинот на интернет во Иран трае веќе 52 дена, односно околу 1224 часа.Според податоците, ограничувањата биле воведени по обновувањето на антивладини протести на почетокот на јануари, а дополнително биле заострени по почетокот на воените тензии меѓу САД, Израел и Иран кон крајот на февруари.Прекинот на интернетот има сериозни последици в...

пред 2 месеци | 25
skopje1.mk

Иран 52 дена без интернет


Сподели преку

Возел без дозвола – приведен битолчанец, уапсен и возач со забрана во Ресен

Возел без возачка дозвола, па заврши во полиција – 36-годишен битолчанец е лишен од слобода по контрола во сообраќајот, информираа од СВР Битола.Случајот се случил на 19 април околу 18 часот на улицата „Кресненско востание“, кога полициски службеници сопреле патничко возило „БМВ“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Т. (36). При проверката било утврдено дека возел без да поседува важечка возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.Во одделен случ...

пред 2 месеци | 23
skopje1.mk

Возел без дозвола – приведен битолчанец, уапсен и возач со забрана во Ресен


Сподели преку

Возење без дозвола, со преголема брзина и алкохол – низа санкции во Тетовско

Од СВР Тетово информираат дека во текот на изминатиот ден, СВР Тетово и ОВР Гостивар спровеле засилени сообраќајни контроли, при што се лишени од слобода повеќе лица поради безобѕирно управување со моторни возила, а неколку возила се одземени.Во првиот случај, на улица „101“ во Гостивар е лишен од слобода А.Т. (23) од село Трново, кој управувал патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки без положен возачки испит. Возилото е одземено за понатамошна постапка, се наведува во соопштението...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

Возење без дозвола, со преголема брзина и алкохол – низа санкции во Тетовско


Сподели преку

Деко бара да излезе од затвор и да оди во куќен притвор, се жали дека здравјето му е „сериозно и алармантно влошено“

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште побара од судот притворот да му биде заменет со куќен притвор, повикувајќи се на сериозно и алармантно влошување на неговата здравствена состојба.Адвокатката Ивана Коцевска во судницата истакна дека мерката притвор не ја исполнува својата цел и дека, наместо средство за обезбедување присуство, во конкретниот случај претставува казна пред донесувањ...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

Деко бара да излезе од затвор и да оди во куќен притвор, се жали дека здравјето му е „сериозно и алармантно влошено“


Сподели преку

Малолетник фатен со дрога во Битола, приведени уште две лица

Малолетник е лишен од слобода во Битола откако кај него биле пронајдени дрога и прашкаста материја, информираа од СВР Битола.Станува збор за 16-годишник кој бил приведен на 19 април во 19:50 часот на улицата „Мукос“, при што полицијата пронашла и одзела марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Неколку часа подоцна, во друг случај, на 20 април во 00:50 часот на улицата „Крушевска Република“, полициски службеници ги лишиле од слобода и Ј.З....

пред 2 месеци | 22
skopje1.mk

Малолетник фатен со дрога во Битола, приведени уште две лица


Сподели преку

СДС се поврзува со српската опозиција, зад тоа стојат Заев и Башановиќ, вели Манасиевски

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, обвини дека генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, имал средби со поранешни функционери од српската опозиција со цел формирање заеднички опозициски фронт, при што, според него, зад овие активности стојат Зоран Заев и Зоран Башановиќ.Манасиевски тврди дека минатата недела во Македонија Димитријевиќ се сретнал со Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование во Србија и потпретседател на Социјалистичката парт...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

СДС се поврзува со српската опозиција, зад тоа стојат Заев и Башановиќ, вели Манасиевски


Сподели преку

Дрвен“ во Дебар Маало обновен: нови реквизити и летниковец за децата

Целосно обновено и со нов изглед, детското игралиште „Дрвен“ во Дебар Маало повторно е ставено во функција, со нови реквизити, летниковец и уреден простор за најмладите, информираа од Општина Центар.Станува збор за едно од најпознатите игралишта во овој дел од Скопје, лоцирано на улицата „Славка Недик“, кое по реконструкцијата доби современ и побезбеден изглед. Поставени се нови лулашки, клупи и корпи за отпадоци, додека просторот е дополнително уреден со жардињери и летниковец за одмор.Интервен...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

Дрвен“ во Дебар Маало обновен: нови реквизити и летниковец за децата


Сподели преку

„Дека ни треба нова влада, немам дилема, и тоа час поскоро“ – Макрадули со критика до Владата

Поранешниот функционер на СДСМ, Јани Макрадули, оцени дека вниманието на македонската јавност е погрешно насочено кон случувањата во странство, наместо кон домашните проблеми, потенцирајќи дека политичките промени не се увезуваат.„Да се секиравме вака за Македонија како за Унгарија, гарант подобро ќе ни беше“, порача Макрадули, додавајќи дека „револуцијата во една земја е уникатна, не се увезува и не се копира“.Тој нагласи дека смената на власта не се постигнува со реакции на настани во други др...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

„Дека ни треба нова влада, немам дилема, и тоа час поскоро“ – Макрадули со критика до Владата


Сподели преку

Низа инциденти на насилство во Гостиварско и околината

Повеќе одделни случаи на физички напади се пријавени во Полошкиот регион, информираат од СВР Тетово. Полицијата презема мерки за нивно целосно расчистување.Според пријавата, А.О. (43) од село Градец навела дека на 18.04.2026 околу 21:30 часот била физички нападната од А.М. од Гостивар. Настанот, како што се наведува, се случил во стан по претходна расправија околу исплата за извршени работни задачи. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.Во друг случај, как...

пред 2 месеци | 22
skopje1.mk

Низа инциденти на насилство во Гостиварско и околината


Сподели преку

СДСМ: Мицкоски и ВМРО се на погрешната страна на историјата – ПЕС го потврди тоа во Барселона

Од СДСМ во реакција на прашањата од ВМРО-ДПМНЕ за наводните разговори во Барселона, велат дека партијата и нејзиното раководство се „на погрешната страна на историјата“, повикувајќи се на, како што наведуваат, ставови изнесени во рамки на Партијата на европските социјалисти (ПЕС).Во соопштението се наведува дека на состаноците во Барселона се дискутирало за унгарската партија Фидес и нејзиното политичко влијание, при што, како што тврди СДСМ, учесниците изразиле став дека автократските режими по...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

СДСМ: Мицкоски и ВМРО се на погрешната страна на историјата – ПЕС го потврди тоа во Барселона


Сподели преку

(Видео) Силен земјотрес од 7,4 степени го погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Јапонија беше погодена од земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, при што веднаш беше издадено предупредување за цунами и се очекуваат бранови високи до три метри, јавуваат јапонските медиуми.Според последните информации, цунами-бран веќе пристигнал до крајбрежјето на префектурата Ивате. На жителите во крајбрежните области им е препорачано итно да се евакуираат и да се упатат кон повисоки и безбедни зони, далеку од морето и устијата на реките.Јапонска метеоролошка служба прв...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

(Видео) Силен земјотрес од 7,4 степени го погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами


Сподели преку

(Видео) Водител на Фокс за расправијата меѓу Папата и Трамп: Од денес, повеќе не сум католик

Водителот Шон Ханити од Fox News изјави дека повеќе не се смета себеси за католик, по јавниот спор меѓу папата Лав XIV и американскиот претседател Доналд Трамп околу американските напади врз Иран.Во својата емисија, Ханити остро го критикуваше папата, обвинувајќи го дека не реагира доволно јасно на, како што наведе, злоупотребите во Иран, вклучувајќи репресија и поддршка на милитантни групи. Тој истакна дека пораснал во католичко семејство, посетувал католички училишта и студирал теологија, но д...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

(Видео) Водител на Фокс за расправијата меѓу Папата и Трамп: Од денес, повеќе не сум католик


Сподели преку

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Руската Федерална служба за безбедност ФСБ соопшти дека спречила терористички напад во градот Пјатигорск во Ставрополскиот регион и дека е пронајдена експлозивна направа кај државјанка на Германија.Според соопштението на Центарот за односи со јавноста на ФСБ, уредот бил импровизирана експлозивна направа исполнета со шрапнели, со јачина еквивалентна на околу 1,5 килограми ТНТ. Службите наведуваат дека постоел план експлозијата да биде активирана на далечина, при што бил вклучен и маж роден во 199...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад


Сподели преку

Кина повикува на смирување по инцидентот во Ормутскиот теснец

Кина изрази загриженост по последниот инцидент во Ормутскиот теснец, каде што САД, според извештаи, пресретнале и заплениле товарен брод под иранско знаме. Пекинг упати повик сите страни да се воздржат од дејствија што би можеле дополнително да ја влошат веќе напнатата ситуација и да се придржуваат кон договорите за примирје.Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, изјави дека состојбата во теснецот е „чувствителна и сложена“ и нагласи потреба од одговорно однесува...

пред 2 месеци | 22
skopje1.mk

Кина повикува на смирување по инцидентот во Ормутскиот теснец


Сподели преку

Иранскиот претседател: Дипломатија со САД, но со апсолутна недоверба

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека треба да се искористат сите разумни дипломатски канали за намалување на тензиите со САД, но истовремено нагласи дека претпазливоста и недовербата во односите со Вашингтон се „апсолутно неопходни“. Изјавата, пренесена од државната новинска агенција IRNA, доаѓа во период на неизвесност околу продолжувањето на привременото примирје меѓу двете земји.Според меѓународни извештаи, во наредните денови се очекуваат нови дипломатски активности, при што ам...

пред 2 месеци | 22
skopje1.mk

Иранскиот претседател: Дипломатија со САД, но со апсолутна недоверба


Сподели преку

Израел тврди: Разбиена иранска шпионска мрежа поврзана со планирани напади

Израелските служби Мосад, Израелска безбедносна агенција (Шин Бет) и Израелски одбранбени сили соопштија дека разоткриле тајна иранска мрежа за која тврдат дека планирала напади врз израелски функционери и стратешки цели ширум светот.Според нивното соопштение, мрежата била управувана од Корпусот на Исламската револуционерна гарда и била разбиена преку воени удари, апсења и разузнавачки операции. Израел тврди дека членовите биле регрутирани и обучувани за собирање информации за израелски и западн...

пред 2 месеци | 22
skopje1.mk

Израел тврди: Разбиена иранска шпионска мрежа поврзана со планирани напади


Сподели преку

Како гласале Милошоски, Пандов, Мицевски, Јорданов другите функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Бугарија?, прашуваат од СДСМ

СДСМ обвини дека дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ поседуваат бугарски пасоши и учествувале на парламентарните избори во Бугарија, поставувајќи прашање за кого гласале и какви очекувања имаат од новата влада во Софија.„Додека го блокираат европскиот пат на Македонија и намерно создаваат конфликти со Бугарија, многу функционери од ВМРО-ОКГ си обезбедија бугарски пасоши - пасоши на ЕУ.Антонио Милошоски од Вазараждане, Софија.Никола Мицевски од Ќустендил.Сања Божиновска од Софија.Стефан Андоновски...

пред 2 месеци | 7
skopje1.mk

Како гласале Милошоски, Пандов, Мицевски, Јорданов другите функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Бугарија?, прашуваат од СДСМ


Сподели преку

Лондон: Уапсени двајца за обид за палење синагога, истрага за можна странска вмешаност

Британската полиција уапсила две лица поради обид за подметнување пожар во синагога на северот од Лондон, а антитерористичката единица истражува можна поврзаност на серија неодамнешни напади врз еврејски цели со Иран.Според полицијата, приведени се 17-годишник и 19-годишник во врска со инцидентот што се случил во неделата рано наутро во синагогата Kenton United. Во пожарот е предизвикана мала штета од чад, а повредени нема.Ова е најновиот во серијата напади врз еврејски објекти во Лондон во посл...

пред 2 месеци | 9
skopje1.mk

Лондон: Уапсени двајца за обид за палење синагога, истрага за можна странска вмешаност


Сподели преку