Без дозвола возел „мерцедес“ и удрил во полициско возило во Тетово
На 07.04.2026 година во 15:15 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А. (56) од Гостивар, по сообраќајна незгода во која учествувал.Според информациите од полицијата, незгодата се случила помеѓу службено полициско возило „пежо“ и патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.А.По извршените проверки, било утврдено дека возачот го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. Согласно член 297-а од К...