Рубио: Американските дипломати да ја користат платформата Икс против пропаганда
Американските дипломати треба активно да ја користат социјалната мрежа X и да соработуваат со воени единици за психолошки операции во борбата против странска пропаганда, се наведува во допис на американскиот државен секретар Марко Рубио.Документот, во кој увид имале странски медиуми, се однесува на начини за разобличување на операции за влијание и дезинформации кои, според проценките на Вашингтон, претставуваат директна закана за националната безбедност и ги поттикнуваат непријателските ставови...