Филипче: Што следи Владата, како тоне стандардот на народот?
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека Владата на премиерот Мицкоски единствено што следи е како тоне стандардот на граѓаните, без притоа да се преземат реални мерки за намалување на цените на горивата и на храната. Филипче посочи дека власта не презема суштински мерки за справување со растот на цените во услови кога граѓаните ќе немаат пари да се прехранат.„Денеска нема други мерки, следела владата будно. Што следи? Како тоне стандардот на граѓанит...