Државата плаќа милиони, сиромашните јадат на улица: помалку храна за повеќе пари
Корупцијата и слабата контрола во јавните набавки и понатаму се една од најранливите точки на системот, а најновата анализа на Центарот за граѓански комуникации открива конкретен пример како милионски договор може да резултира со понижувачки услови за најранливите граѓани.Станува збор за тендер вреден околу 1,46 милиони евра за набавка на готови оброци за корисниците на народни кујни во Скопје. Според документацијата, оброците требало да се подготвуваат, доставуваат и сервираат на девет локации...