Родителите ќе можат и во сабота да вадат дозволи за патување на деца во странство
Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради очекуваниот зголемен број барања во пресрет на летната сезона, ќе го продолжи работното време на шалтерот за издавање „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ во Скопје.Како што информираат од МВР, шалтерот во Одделението за управни работи во зградата на МРТВ, наменет за издавање одобренија за деца до 14 години, во наредниот период ќе работи од понеделник до петок од 08:00 до 18:00 часот.Дополнително, услугата ќе биде достапна...