Лејди Гага има респираторна инфекција, откажан концертот во Монреал
Лејди Гага го откажа својот последен закажан концерт во Bell Centre во Монреал поради респираторна инфекција, соопштувајќи ја веста на своите обожаватели само неколку часа пред настапот. Музичката ѕвезда и добитничка на награда Греми се обрати кон публиката преку Инстаграм.„Здраво на сите, многу ми е жал што морам да објавам дека вечерва не можам да настапам и морам да го откажам концертот. Последните неколку дена се борам со респираторна инфекција и правам сè што можам за да се одморам и да се...